Достапни 18 милиони денари за иновативни проекти во туристичката и земјоделско-прехрамбената индустрија

- Advertisement -

Компании од туристичкиот и земјоделско-прехранбениот сектор имаат можност да аплицираат на тековниот повик „Со дигитална трансформација до иновација“, кој ФИТР го реализира во партнерство со Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и ИНОФЕИТ ДИХ.

Со цел подобро информирање за условите и критериумите за аплицирање, ќе бидат организирани неколку инфо сесии во повеќе градови низ државата.

- Advertisement -

За претпријатијата од Битола, ќе се одржи инфо сесија  денес, на 3 февруари со почеток во 11:00 часот, во просториите на СН Финтек Хаб – Кеопс Бизнис Центар.

На инфо сесијата ќе бидат презентирани основните услови и процедури за доделување средства и секој ќе може да ги постави своите прашања кои се поврзани со активниот повик. Исто така, ќе бидат презентирани реални примери за дигитализација и дигитална трансформација од страна на претставници на компании кои веќе применуваат дигитални решенија во своето работење, во рамки на туристичкиот и земјоделско-прехранбениот сектор во земјава“. – велат организаторите.

- Advertisement -

Целта на повикот е да се овозможи зголемување на иновативноста и конкурентноста на претпријатијата преку воведување на дигитални решенија кои ќе водат кон дигитална трансформација во нивното работење. Воедно, предизвикот има за цел да овозможи зајакнување на капацитетите на дигиталните иновациски хабови како дел од екосистемот неопходен за понатамошна дигитална трансформација.

Вкупниот буџет на предизвикот изнесува 18.450.000 денари, од кои 12.300.000 денари обезбедува Фондот, а остатокот го обезбедува ИМЕ. Фондот обезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет за проектот за микро или мало претпријатие, односно до 50% вкупниот буџет за проектот за средни претпријатија, во максимален износ од 1.845.000 денари.

- Advertisement -

Заинтересираните за присуство на инфо сесијата може да се пријават на следната е-маил адреса: lidija.angelkova@predaplus.eu

Повеќе информации за отворениот повик на: https://fitr.mk/digitalna-transformacija/

Сподели!
- Advertisement -