Додека си во врска со некого и се е убаво, забавно, често се патува и се прават купишта фотографии. Но, кога ќе прекине таа врска, и тоа особено ако заврши лошо, што да правите со сите фотографии од местата кои сте ги посетиле? Некогаш сакате да ги задржите затоа што ви будат убави сеќавања, ноне сакате да се сеќавате и на бившиот партнер/ка.
Решението за тоа е прилично забавно, а го има компанијата Picsart. Нивната програма за уредување фотографии и видеа е многу позната и веќе ја користат многумина, но како што објавија на својот блог, неодамна претставија интересна опција со која брзо и едноставно од постоечките фотографии се бришат старите партнери и се заменуваат со нови.
Со Picsart уредувањето фотографии, односно замената на старите со нови партнери е брза и едноставна и не треба да познавате графички алатки, туку целиот процес го врши вештачка интелигенција. Прво треба да се внесе фотографијата во апликацијата, да се избере опцијата AI replace, па да се избере личноста од фотографијата која сакате да ја замените и на крајот треба да напишете со кого сакате да ја замените.Смешни примери за Picsart можете да погледнете на нивниот блог, а можете и сами да си поиграте со некои ваши фотографии.
(Vidi.hr)
(фото: pic4free)