Војната во Украина секој Германец го чини 2.000 евра

- Advertisement -

Германската економија годинава проади војната во Украина ќе претрпи загуба од 175 милијарди евра, со што вкупната загуба од почетокот на пандемијата на кроона вирусот и војната ќе се искачи на 595 милијарди евра, проценува Институтот за германска економија.

Економските последици на пандемијата после три години се олабавуваат, но тоа ни оддалеку не важи за влијанието на војната во Украина вез германската економија. Институтот пресметал дека годинава загубата поради војната и за неа поврзаните економски проблеми изнесува 175 милијарди евра или отприлика 2.000 евра по жител.

- Advertisement -

Тоа реално одговара на приближно 4,5% од германскиот БДП. За таа пресметка извршена е компарација на сегашната ситуација со фунцкионирањето на економијата во свет без војни, а со самото тоа и без високи цени на енергенсите и кочење во глобалните синџири за снабдување.

И германската развојна банка KfW стравува дека германската економија се наоѓа пред пресвртница и дека германската благосостојба посебно ќе ја загрози недостигот на стручна работна сила и умерениот раст на продуктивноста. Пресметките на германскиот институт покажуваат дека Германците изминатите три години морале да се помирал со значително кратење на нивната благосостојба.

- Advertisement -

Причините за големата загуба на германската економија се најпрвин стабилноста на снабдувањето со енергенси, високите цени на струјата, гасот, но и полуфабрикатите и сурвините, кои се загрозени од конкуренцијата.

- Advertisement -

(Beta)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -