Една неодамнешна студија, објавена во списанието Management Science, откри дека играчите на шах кои дишат загаден воздух имаат штетни последици. Студијата анализирала над 30.000 потези во шах во период на три турнири во шах во Германија, кои се одржале во период од три години.
Изтражувачите откриле дека покаченото ниво на PM2.5 честички предизвикува многу повеќе грешки во шахот. Ова откритие ја посочува важноста на квалитетот на воздухот во просториите за стратешкото размислување на играчите, но и на бизнисмените.
Тоа е доказ дека изложеноста на загаден воздух може да доведе до многу повеќе грешки кај играчите на шах. Додека ова за некои ќе биде само некое ниша откритие, има битни импликации врз вештините за стратешко размислување на сите кои дишат воздух со одредена количина на загадувачи.
Се повеќе студии покажуваат дека загадувањето на воздухот си го зема својот данок во многу сфери, вели коавторот на студијата и економист на Институтот за технологија на Масачусетс, Хуан Паласиос. Додава дека ова е само еден пример дека дури и извонредните играчи на шах ја губат битката со загадувањето на воздухот.
За студијата Паласиос и неговите коавтори Нико Пестел и Штефен Кун, и двајцата професори на Универзитетот Мастрихт, анализирале над 30.000 потези во партии шах во текот на три турнири во шах во Германија. Турнирите биле по седум рунди, траеле по осум недели и се одржале во 2017, 2018 и 2019 година. На турнирите учестувале 121 играч.
Најпрвин истражувачите го мереле нивото на јаглерод диоксид, нивото на честичките PM 2.5 и температурата во просториите каде што се одржувале трунирите. Потоа користеле софтверски програми за да забележат грешки во игрите на шах.
Откриле дека кога било повисоко нивото на PM2.5 честичките, играчите правеле многу повеќе грешки. Ако концентрацијата на тие честички се зголемела за 10 микрограми на кубен метар, шансите некој играч да направи голема грешка се зголемувале за 2,1 велат авторите на студијата.
Загадувањето на воздухот на играчите им го отежнало носењето вистински одлуки кога имале ограничено време. Ова не е порвата ваква студијакоја ги детектира ефектите на PM2.5 честичките врз мозокот. Други студии ги поврзуваат овие загадувачи со деменција и други проблеми со менталното здравје.
(World Economic Forum)
(фото: Pexels)