После паметните телефони и таблети, екраните осетливи на допир станаа популарни и на други уреди. Се повеќе компјутери имаат такви екрани, а и најголем дел од новите модели на автомобили во своите инфотеинмент системи имаат екрани со кои се управува со прст. Еден од проблемите на таквите екрани, со кој сите се запознаени, е што на нив брзо остануваат траги и се валкаат, па треба често да се чистат.
Но, иднината можеби ќе донесе екрани на кои нема да има проблеми со дамки и нечистотија и нема да биде потребно постојано да се бришат затоа што ќе се чистат сами.
Американскиот производител на автомобили GM патентираше нов таков еркан кој би се чистел сам, односно дамките на него сами ќе исчезнуваат без да мора да ги бришеме со крпа и слично. Технологијата која е вградена во екранот е базирана на додавање нови пиксели и посебен невидлив премаз базиран на метален оксид. Имено, покрај сини, црвени и зелени пиксели, би се интегрирале и виолетови пиксели, чие светло е невидливо за човечкото око, така што тие нема да влијаат на приказот на боите. Тие се поставени во екрано затоа што кога фотокатализаторите се изложени на виолетова светлина, ја апсорбираат и доаѓа до хемиска реакција со влагата во воздухот.
При таа реакција се разградуваат органските материјали кои остануваат од отпечатоците на прсти, како и маснотиите од хран, масло и слично. После таа реакција се се суши и дамките исчезнуваат како прашина.
Иако GM ја патентираше оваа технологија, моментално не е познато дали компанијата ќе почне да ја применува, односно дали ќе остане само на хартија или во иднина ќе се најде во нивните автомобили.
(Gizmodo)
(фото: Flickr)