Научниците долго време се прашуваа што се ноаѓа во јдрото на Земјата, а најновите истражувања ја доакжаа теоријата дека нашата планета има одвоена железна топк во своето метално јадро.
Под кората, слоевите и растопеното течно надворешно јадро се наоѓа цврст метален центар на Земјата, кој всушност има уште еден скриен слј или најдлабокот внатрешно јадро, се вели во најновата студија објавена во списанието Nature Communications.
Ова монументално откритие сугерира дека Земјата има пет главни слоеви наместо четири и нуди нови детали кои научниците би можеле да ги искористат за решавање на некои од најстарите мистерии за нашата планета, како и за нејзиното настанување.
Прв пат се зборуваше за друг, незабележителен слој на јадрото пред околу 20 години, а сега со помош на новите податоци собрани од сеизмички бранови на земјотреси кои поминале низ јадрото на Земјата истражувачите конечно го открија тоа најдлабоко јадро.
Користејќи инструменти кои детектираат вибрациски бранови истражувачите откриле дека најдлабокот внатрешно јадро има изразена анизотропија, што е својство кое на материите им овозможува да преземат различни карактеристики во зависност од аголот од кој се приоѓа. Пример за предмет кој е анизотропен е едно парч дрво – многу полесно може да се исцепи ако се удира во правец на неговите влакна, отколку обратно.
Истражувачите набљудувале колку брзо сеизмичките бранови патуваат во различни правци низ јадрото и откриле дека најдлабокот внатрешно јадро ја менува брзината на тие бранови на поинаков начин од слојот над него. Откритието на нов слој на повеќе од 1.600 км под нашите нозе е многу битно. Доказот дека постои тој слој во јадрото на научниците може да им помогне подобро да го разберат магнетното поле на Земјата и како се развивало.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)