Биоелектрониката е ново поле кое допрва ќе се развива, а сега можеби е направен најголемиот исчекор досега во таа област. Имено, научници од Универзитетот Линкопинг од Шведска успешно одгледуваат електроди во живо ткиво. Тоа значи дека во иднина ќе може да се создадат целосно интегрирани електронски системи за лекување невроплошки болести.
Научниците од универзитетите Линкопинг, Лунд и Гетеборг во Шведска создадоа електроди во живо ткиво користејќи молекули да ги придвижуваат. Истражувачите се првите кои успеале тоа да го направат без потреба за надворешни сигнали или модифицирање на гените.
Во експериментите направени на Универзитетот Лунд гел кој содржел ензими како молекули за склопување бил ставен во риба зебра и медицински пијавици. Научниците откриле дека електроди се формирале во мозокот, срцето и перките на опашката кај рибата и околу нервното ткиво на пијавиците. Гелот не им наштетил на животните, ниту на нив електродите делувале негативно.
„Со паметни промени во хемијата успеавме да развиеме електроди кои го прифаќаат мозочното ткиво и имунолошкиот систем. Оваа риба зебра е одличен модел за проучување на органските електроди во мозокот“ велат научнциите од Универзитетот Лунд.
Имплантираните објекти се потребни за стартување електрични кругови во телото. Не е изненадување дека на тимот му требале неколку години да го развие гелот, за кој било потребно да се направи вистинска структура и компоненти за да биде успешен во животинските клетки.
Контактот со телесни материи ја менува структурата на гелот и го прави електропроводлив, што не е пред вбризгувањето. Во зависност од ткивото може да се прилагоди составот на гелот за да се стартува електричниот процес, велат од Универзитетот Линкопинг.
Иако се ова моментално може да звучи како научна фантастика, истражувачите велат дека овој пат на долг рок ќе има целосно интегрирани системи во човечкото тело, нешто што ќе може целосно да ја смени невролошката терапија.
Студијата е објавена во списанието Science.
(Vidi.hr)
(фото: Freepik)