Дали играњето видеоигри е добро или лошо со години се дебатира. Додека некои тврдат дека видеоигрите можат да ја подобрат координацијата, рефлексите, логичкото размислување и решавањето проблеми, други велат дека тие игри имаат негативно влијание на психолошкото здравје на младите.
Но, сега научниците сакале да проверат како влијае играњето видеоигри на физичкото здравје на лушето, односно каков ефект имаат на здравјето на срцето. Студијата објавена во списанието Heart Rhythm 2022 открива дека одредени видови видеоигри, особено тие со воена или насилна тематика, може да предизвикаат аритмија, односно неправилна работа на срцето кај осетливите луѓе, а особено кај децата. Но, проблемот е во тоа што во таа студија учествувале луѓе кои веќе биле изложени на ризик од аритмија, а тоа значи дека неправилната работа на срцето ко7ела да се појави во кој било момент.
Студијата ја проучувала работата на срцето кај активните играчки на видеоигри и открила дека одреднеи видови видеоигри многу влијаат на работата на срцето. Играчите кои играле игри со војување како Mortal Kombat имале најголем пораст на крвниот притисок, додека играчите кои играле Dark Souls II имале најголем број отчукување на срцето.
Кардиологот Дејвид Винчестер од Медицинскиот факултет на Флорида предупредува дека привременото покачување на крвниот приситок не мора да предизвика тешкотии, но ако дојде до хронично покачување на крвниот притисок подолг временски период, тоа може да доведе до развој на хронични болести на срцето, како и мозочен удар, болести на бубрезите и сл.
Од друга страна, играњето игри како Animal Crossing или The Sims, всушност, го намалува бројот на отчукувања на срцето и смирува, барем привремено.
Друга студија објавена минатата година предупред дека луѓето кои играат видеиигри повеќе седат, односно се помалку физички активни. Освен тоа, кај некои луѓе поинтензивното играње видеоигри може да предизвика зависност. Ако, притоа, и спијат помалку од 7 часа ноќе, може да се појави аритмија, висок крвен притисок, па дури и гојазност.
Но, постојат и видеоигри кои може позитивно да влијаат на срцето. Посебно осмислени игри може да помгонат за усвојување добри навики како поголем внес на овошје и зеленчук, поголема телесна активност, но и да им помогнат на постарите луѓе да го подобрат квалитетот на живот и да ја задржат свежината.
(Discover Magazine)
(фото: Wikimedia)