Катстрофалното топење на мразот ќе се случи многу порано од очекуваното

- Advertisement -

Дури и ако успееме да ја стабилизираме температурата на Земјата за врвот на затоплувањето д биде 2 степени Целзиусови во однос на прединдустриската доба, огромните ледени покривки на Гренланд и на Антарктикот се на пат кон неповратно топење, предупредува нова научна студија.

Ако ја пропуштиме оваа цел за контролирање на емисијата на гасови, ледените плочи забрзано ќе почнат да се распаѓаат и да се топат, покажуваат пресметките на Аксел тимерман, климатски физичар од Институтот за одновни науки во Кореја.

- Advertisement -

Глобалните нивоа на морињата веќе се за 20 см повисоки во просек во текот на 20 век. Пресметаното забрзување би значело дека 1 од 10 луѓе во светот е во директна опасност од уште повеќе покачено ниво на морето, предупредуваат од Обединетите Нации на расправа на Собранието за безбедност во Њујорк.

За стотина милиони луѓе кои живеат во мали островски држави во развој и во некои други ниски крајбрежни предели покачувањето на нивото на морето значи мноштво проблеми. Од ОН предупредуваат дека ако дојде до тоа, би биле сведоци на масовен егзодус на цело население од библиски размери.

- Advertisement -

Со вклучување на механизми на повратни информации, кои недостигале во претходните научни модели, климатскиот научник Јун Јанг Парк и неговите колеги од Националниот универзитет Пусан предвидуваат дека главната пресвртна точка се приближува многу побрзо отколку што се мислеше. Нивното истражување е објавено во списанието Nature Communications.

Компјутерските модели кои ја симулираат динамиката на ледените плочи на Гренланд и на Антарктикот честопати не го земаат предвид фактот дека топењето на ледените плочи ќе влијае на океанските процеси, кои за возврат ќе влијаат на ледената плоча и на атмосферата, појаснува Парк.

- Advertisement -

Како што се побрзо се топи мразот на копното и во морето, стопената вода се концентрира на површината, ја намалува размената на топлина од длабочините и уште повеќе ја подига температурата под површината. Оваа дополнителна топлина може да предизвика уште поголема ерозија на смрзнатите потпирачи, кои ги држат ледените плочи на Антарктикот, што значи уште повеќе вода ќе оди во океаните.

Пресметките на тимот на Парк сугерираат дека овој неповратен процес може да започне и при затоплување од 1,8 степени Целзиусови. Од друга страна, само во нивното најагресивно сценарио на ублажување на климатските промени, односно одржување на нивото на затоплување под 1,5 степени Целзиусови моделот покажал дека може да се избегне таквото забрзано покачување на нивото на морињата. Ако, пак, ништо не преземеме, повлекувањето на ледените плочи ќе продолжи да го покачува нитото на морињата за најмалку 100 см во наредните 130 години.

(Science Alert)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -