Постои скриен ходник во Големата пирамида во Гиза!

- Advertisement -

Официјалната надлежна служба за Египетски антиквитети потврди дека постои скриен внатрешен коридор над главниот влез во Големата пирамида во Гиза. Видео од ендоскоп ја покажува внатрешноста на ходникот кој е долг 9 метри и широк 2,1 метри.

Надлежните изјавиле дека коридорот е создаден за се прераспредели тежината на пирамидата околу влезот или за да води до друга соба која сѐ уште не е откриена. Овој коридор за првпат беше забележан во 2016 година со помош на техника на слика наречена муографија.

- Advertisement -

Според египетскиот археолог Захи Хаваси, коридорот може да помогне да се открие дали сѐ уште во пирамидата постои комората во која е погребан фараонот Кофу.

Тој спекулирал дека во просторот под коридорот може да има „нешто многу важно“.

- Advertisement -

„Сигурен сум дека за неколку месеци од сега ќе можеме да видиме дали сум во право или не“, рекол Хаваси.

Во пирамидата втора ваква празнина беше откриена во 2017 година исто преку муографија. За неа се процени дека е долга 30 метри и висока неколку метри, а е лоцирана над Големата галерија.

- Advertisement -

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -