Американскиот производител на компјутери и телефони Apple пред неколку дена најави дека ќе инвестира уште милијарда долари во проектирањето чипови во својот најголем европски центар за чипови во Минхен. Со тоа аемриканскиот технолошки гигант ја дуплира првичната инвестицира во најголемиот европски центарт за развој на чипови, која ја вети уште во 2021 година.
Програмерите во центарот за проектирање чипови во Минхен развиваат, меѓу другото, безжична технологија од петта генерација и реченија за заштита на енергија за чипови.
Во американската компанија се надеваат дека ќе бидат независни од доставувачите на чипови како Qualcomm, од кој досега за произодството на паметни телефони iPhone купуваа чипови за петтата генерација на комуникации (5G).
Проширувањето на центарот ќе овозможи уште една тесна соработка на повеќе од 2.000 инженери во Баварија кои работат на проектирањето на чиповите, управуваат со енергијата и новите безжични технологии, вели шефот за хардвер на Apple, Џони Сроуји., .
Баварскиот министер за науки, Маркус Блуме, ја поздрави новата инвестиција и вели дека е сигнал за огромната доверба во Баварија и во нејзините научни и истражувачки капацитети.
(Zimo)
(фото: Wikimedia)