Германскиот производител на луксузни автомобили Mercedes-Benz пред два дена официјално почна со изградба на погонот за рециклирање батери во Купенхајм на југот на Германија. Пилот-фабриката ќе има капацитет од 2.500 тони и ќе обезбедува материјал за производство на над 50.000 батериски модули за нови електрични возила на Mercedes-Benz.
Компанијата ќе ги рециклира батериите од пробните возила и од акумулаторите и ќе може да го зголеми обемот на производство на среден и на долг рок, во зависност од успехот на пилот-проектот.
Првата фаза од работата на погонот треба да биде готова во декември, а комплетирањето на целиот погон се очекува неколку месеци подоцна. Фабриката во Купенхајм веќе користи струја од обновливи извори, а изградбата се финансира во склоп на научно-истражувачки проект на германското Министерство за економија и Министерството за заштита на климата.
(Dnevnik.hr)
(фото: Libre Shot)