Главниот технолошки директор на Џонсон Мети одржа предавање за транзиција кон водородна технологија пред стидентите по хемија

- Advertisement -
Повеќе од 100 студенти од факултетите за хемија и за машинско инженерство при скопскиот Универзитет присуствуваа на стручно предавање на Мауритис ван Тол, главен технолошки директор на Џонсон Мети, кој зборуваше за важноста на STEM и за иднината на водородна технологија. Како експерт и лидер на стратегијата за истражување и развој и иновации на Џонсон Мети, Тол одржа предавање на Институтот за хемија, мотивирајќи ги студентите со својата импресивна кариера на високи менаџерски улоги во управување со бизнис, развој на бизнис, истражување и развој и иновации во мултинационални хемиски компании.

“За мене големо задоволство е да ги претставам и да комуницирам со студентите од хемија и другите области поврзани со STEM, бидејќи цврсто верувам дека проблемите со кои се соочува Планетата, нашата клима, можат да се решат само преку технички средства. Привилегија е да се работи во Џонсон Мeти на научни теми кои навистина имаат влијание, кои ги обликуваат патиштата кон нет-нула. Соодветните технологии може да се развијат само од страна на научници со цврсто образование и затоа: Планетата има потреба од вас!”, рече ван Тол. Професорите на факултетот беа многу среќни за оваа соработка. Миха Буклески, професор на Факултетот за хемија, додава дека „cоработката со индустријата и посетата на Природно-математичкиот факултет во Скопје од страна на високо профилирани личности во хемиската индустрија, го става Институтот за хемија и ПМФ на мапата на релевантни институции од областа на образованието и науката. Предавањето на Мауриц ван Тул (Maurits van Tol) не е важно само од аспект на соработката на научно ниво во однос на актуелните трендови во индустријата, туку и на ниво на популаризација на природните науки, нешто на што Џонсон Мети посветува особено внимание. Константната поддршка што Институтот за хемија ја има од страна на Џонсон Мети, придонесува кон зголемување на квалитетот на наставниот процес, но и кон мотивирање на студентите преку најразличните можности за пракса и услови за нивно стипендирање.“ 

Тој говореше и за тековното истражување кое се спроведува во Џонсон Мети и преминот кон „водородната економија”. Според Боријан Борозанов, директор за Централна и Источна Европа во Џонсон Мети, постои одговорност кај оваа компанија за инвестирање во заедницата. “Нашата одговорност како една од најголемите компании во Македонија е да се ангажираме и инвестираме во нашата заедница. Трансферот на знаење и најдобри практики може да создаде најголем ефект на долг рок. Тоа е вистинска привилегија да го имаме нашиот технолошки директор да помогне во инспирација на младите генерации на студентите и младите професионалци. Искрено се надевам дека некои од овие брилијантни личности ќе станат дел од глобалното семејство на научници кои ја забрзуваат транзицијата на светот кон нет-нула”, вели Борозанов. “Мотивирачки е да се види дека нашата земја има толку интелигентни и посветени млади луѓе”, рече Ана Апостолова, менаџер за човечки ресурси во Џонсон Мети. “За мене е чест да може да одржиме ваков настан и да уживаме во мудроста и искуството на глобалниот лидер, како што е Мауритис ван Тол, кој при својата прва официјална посета на Северна Македонија, го посети хемискиот факултет во Скопје“.

Мауритис ван Тол има докторат по катализа. Тој е член на Одборот на повереници за Институцијата Фарадеј во Велика Британија и советник за Меѓународниот центар за водородна енергија на Обединетите Нации.
Сподели!
- Advertisement -