Научници од Медицинскиот центар при Универзитетот Саутвестерн во Тексас креираа нјекција со хормони која може драстично да го забрза закрепнувањето од мамуртлак. Истражувачите експериментирале на глувци и откриле дека дозирањето на факторот на раст FGF21 го скратило времето потребно за отрезнување на половина.
Познато е дека FGF21 штити од негативните ефкети на алкохолот така што побрзо го разградува и го придвижува мозокот. Истражувачите од Универзитетот Саутвестерн на глувците им дале претерана доза етанол, што е исто како консумирале алкохол кај луѓето.
Глувците го изгубиле својот рефлекс за исправување, спсобност која ги тера да се исправат која алкохолот ќе доведе до пореметување на рамнотежата. На глувците на кои им недостигал FGF21 им требало повеќе време од останатите глувци да фси го вратат својот рефлекс на исправување и рамнотежа.
Хемикалијата, која природно се наоѓа во црниот дроб, испраќа сигнали до мозокот да се заштити од штетните ефекти на алкохолот. Доктор Стивен Кивер од Медицинскиот центар при Универзутетот Саутвестерн вели дека зголеменото ниво на FGF21 во телото со хормонална инјекција може драстично да го забрза закрепнувањето од мамурлак.
„Откривем дека црниот дроб не е вклучен само во разградувањето на алкохолот, тику испраќа и хормонални сигнали до мозокот за да го заштити од штетните ефекти на интоксикацијата, вклучувајќи и губење на свеста и координацијата“ појаснува тој.
Студијата е објавена во списанието Cell Metabolism.
(Klix.ba)
(фото: Raw Pixel)