НАСА ја избра компанијата Axiom Space за изработка на новите скафандери во кои астронаутите ќе прошетаат по површината на Месечината по прв пат после повеќе од 50 години. Сега Axiom Space конечно го претстави дизајнот на новите скафандери, кои се многу поубави, полесни, поудобни за движење и поефикасни од оние на крајот на 1960-тите и почетокот на 1970-тите години.
„Ја продолжуваме традицијата на НАСА за дизајнирање на напредни вселенски скафандери кои на астронаутите ќе им овозможат да работат сигурно и ефикасно на Месечината“ велат од Axiom Space.
„Скафандерот Artemis III на компанијата Axiom Space ќе биде спремен да одговори на сложените предизвици на лунарниот јужен пол и да помогне подобро да ја разбереме Месечината за да овозможиме долгорочно присуство таму“ велат од компанијата.
Новиот скафандер Axiom Extravehicular Mobility Unit (AxEMU), кој денес беше претставен во Вселенскиот центар во Хјустон е прототип, додека првите комплети кои ќе им служат на астронаутите на НАСА за обука ќе бидат испорачани до крајот на летото.
„Нашиот стручен тим е спремен на НАСА да и го обезбеди скафандерот од најнова генерација. Внимателно ги анализиравме лекциите на кои низ годините не научи НАСА и го искористивме тоа искуство за изработка на скафандер за Месечината“ додаваат од Axiom.
Користејќи го дизајнот на скафандерот Exploration Extravehicular Mobility Unit (xEMU) на НАСА, скафандерите на Axiom Space се направени да овозможат поголема флексибилност и поголема отпорност на суровата средина, како што можете да видите од видеото во прилог.
(Vidi.hr)
(фото: NASA)