Научници развија космички бетон за изградба на куќи на Марс

- Advertisement -

Повеќе од 50 години човечка нога не стапнала на Месчеината, а сега човештвото се подготвува за новиот голем чекор во истражувањето на вселената. Месечината, а потоа и Марс ќе станат првите дестинации за човечки живеалишта.

Научниците тестираат различни материјали за изградба на живеалишта на Марс. Иновациите на ова поле доаѓаат од научници од Универзитетот Манчестер, кои развија нов космички бетон составен од вонземска прашина.

- Advertisement -

Брзото враќање на Земјата во текот на мисиите во длабоката вселена нема да бидат возможни, па затоа битно е да се користат материјали кој ќе може да се најдат на терен. Транспортот на материјалите од Земјата би бил многу скап за вселенските агенции.

Новиот материјал се вика StrCrete, а освен вонземска прашина, содржи и скроб од компири и сол. Експериментите покажале дека во комбинација со симулирана марсовска прашина скробот делува како врзизвно средство за бетон, а добиениот материјал е дупло поцврст од обичниот бетон и може да се користи за изградба на вонзмески светови.

- Advertisement -

Во истражувањето се наведува дека StarCrete има цврстина од 72 мегапаскали, а обичниот има 32. Кога бил тестиран со месечева прашина, StarCrete имал цврстина од 91 мегапаскал. Според проценките, една вреќа компири тешка 25 кг има доволно скроб за производство на речиси половина тон StarCrete бетон, односно 213 тули. Откриено е дека обичлната сол, односно магнезиум хлоридот кој се наоѓа на Марс и солзите на астронаутите дополнително ја зголемуваат цврстината на овој материјал.

Претходно тимот тестирал човечка крв и урина како врзивно средство, меѓутоа тоа било непрактично за работа во поголеми размери, а здравјето на астронаутите би можело да биде загрозени во суровата вселенска средина.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -