Младите од Македонија можат да аплицираат за бесплатни билети за патување низ Европа
Насловна › Вести › Актуелно › Младите од Македонија можат да аплицираат за…17.03.2023 Одбери категорија Актуелно Бизнис вести Анкети и истражување Успешни приказни Издвоени огласи Занимливости
Европската комисија објави повик за бесплатен билет за воз за патување низ Европа, на кој може да се пријават и младите од Македонија.
Пријавите за учество во иницијативата Откријте ја ЕУ- Discover EU ќе траат до 29 март, а 35.000 избрани кандидати ќе добијат бесплатна пропусница, јави дописникот на МИА од Белград.
Поканата е отворена за млади луѓе родени од 1 јули 2004 година до 30 јуни 2005 година од земји-членки на ЕУ и земји вклучени во програмата Еразмус +, како што се Србија, Македонија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Турција, објави Комисијата.
Заинтересираните треба да се пријават преку Европскиот портал за млади, да одговорат на пет прашања од квиз за ЕУ и други младински иницијативи на ЕУ и уште едно дополнително прашање.
Избраните кандидати ќе можат да патуваат во Европа најмногу 30 дена, во периодот од 15 јуни 2023 година до 30 септември 2024 година.
Учесниците, исто така, ќе можат да ги искористат предностите на иницијативите започнати во текот на 2022 година, Европската година на младите, како што е Културната рута на иницијативата „Откријте ја ЕУ“, која комбинира различни дестинации и културни гранки, вклучувајќи архитектура, музика, ликовни уметности, театар, модата и дизајнот.
Добитниците на пропусницата ќе можат да ги посетат европските престолнини на културата, места кои се на списокот на светско наследство на УНЕСКО, локации со ознака за европско наследство или места кои добиле награди за пристапност на градот.
Иницијативата Откријте ја ЕУ беше лансирана во јуни 2018 година и е вклучена во новата програма Еразмус за периодот 2021-2027 година.
Целиот текст на netpress.com.mk