Јапонските власти изминатата деценија нашироко го промовираат терминот икумен – комбинација од икуји што значи грижа за децата и икемен, кој се однесува на мажите со ладен изглед. Икумен има за цел да се бори против долгото работно време во земјата кое не само што ги лишува луѓето опседнати со работа од заеднички активности со нивните семејства, туку и мајките кои остануваат дома, а како резултат на тоа стапката на наталитетот се доведе до една од најниските во светот.
За да се искористи последната шанса да се смени ситуацијата премиерот Фумио Кишида минатата недела претстави низа политики, вклучувајќи и зголемен детски додаток и ветување дека бројот на машки работници кои користат родителско отсуство да се зголеми од сегашните 14% на 50% до 2025 година и на 85% до 2030 година.
Јапонските мажи имаат право на четири недели флексибилно родителско отсуство, со до 80% од платата, а тој закон јапонскиот парламент го усвои во 2021 година. Но, и покрај законот, мажите и понатаму се плашат да земаат родителско отсуство затоа што тоа може негативно да влијае на шансите за унапредување и дека би можеле да бидат ставени на друга позиција со помалку одговорност.
Иако е противзаконски да се дискриминираат работниците кои користат породително или родителско отсуство во Јапонија, сепак посебно се загрозени работниците вработени на одредено време.
Во 2022 година бројот на новородени во Јапонија по прв пат откога почнала да се води евиденција во 1899 година паднал на помалку од 800.000.
(Bizlife)
(фото: Pexels)