Саудиската компанија Saudi Aramco во Кина ќе гради нафтен комплекс вреден 12 милијарди долари

- Advertisement -

Компанијата Saudi Aramco потпиша договор со кинески партнери вреден 12,2 милијарди долари за изградба на рафинерија и петрохемиски комплекс на североисточниот дел на Кина, кој треба да почне со работа во 2026 година.

Проектот во градот Панџин во провинцијата Лиаонинг ќе биде втората огромна рафинерско-петрохемиска инвестиција на Saudi Aramco во Кина, а договорот е потпишан откако најголемиот светски извозник на нафта пријави рекордна добивка во 2022 година од 161 милијарди долари.

- Advertisement -

Заедничката компанија Huajin Aramco Petrochemical Company (HAPCO) ќе изгради рафинериски комплекс за преработка на 300.000 барели дневно, кој годишно ќе произведува и 1,65 милиони тони етилен и 2 милиони тони параксилен, објави саудиската компанија.

Се очекува дека проектот ќе чини 83,7 милијарди јуани или 12,2 милијарди долари, соопштија од партнерската групација Panjin Xicheng Industrial. Нешто повеќе од половина од уделот во новиот комплекс ќе има и кинескиот производител на воена опрема NORINCO Group, Aramсo ќе има 30%, а Panjin Xincheng ќе има 19%.

- Advertisement -

Изградбата на комплексот ќе почне во вториот квартал од годинава, откако ќе се добијат потребните административни одобренија за проектот. Се оечкува Aramсo со комплексот да испорачува до 210.000 барели сурова нафта дневно.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -