Проектот Ocean Cleanup е на мисија да го исчисти пластичниот отпад од океанот. Овој проект само што достигна сосема ново ниво. Како што се пишува на Twitter, оваа непрофитна организација има исчистено околу 200.000 кг отпад од Тихиот Океан. Огромниот остров од пластичен отпад кој плови во Тихиот Океан и е познат под имаето Great Pacific Garbage Patch (GPGP).
Оваа бројка ја достигнаа на нивното тринаесетто патување за собирање отпад и првото чистење за 2023 година.Во текот на првото чистење на отпад кое се случи годинава, тие извадија 6.260 кг отпад од голем куп пластика среде океан – од големи рибарски мрежи до микропластика. Според една студија, над 75% од пловечкиот остров од пластика се состои од пластичен отпад од рибарската индустрија.
Остранувањето на отпадот го овозможи специјално дизајнираниот систем System 002, како и друга опрема. Системот вклучува и камери со вештачка интелигенција кои постојано ја скенираат површината на океаните и бараат пластичен отпад.
За да го соберат отпадот тие користат долга бариера во ворма на U буквата. За да го заштитат водниот свет системот се движи полека под океанот и ја минимизира бучавата. Податоците кои ги собрала компанијата од мониторингот откриваат многу мали ефекти на System 002 врз морскиот свет во текот на првите 12 чистења.
Што се случува кога ќе се собере отпадот? Компанијата на тоа одговори на Twitter: „Сакаме да и дадеме нов живот на пластиката собрана од океанот. Затоа соработуваме со партнерски компании на рециклирање на пластичниот отпад и трансформира во трајни пластични производи. Всушност, во октомври 2020 година го лансиравме првиот производ направен од тој отпад, очилата за сонце The Ocean Cleanup Sunglasses.
Зад овој проект стои младиот холандски иноватор Бојан Слат, кој оваа уникатна идеја ја лансираше во 2013 година. Северниот дел од Тихиот Океан бил намерно избран за тестирање на изумот поради огромната количина пластичен отпад кој доаѓа од Азија, Јужна и Северна Америка.
Островот од пластичен отпад среде Тихиот Океан е трипати поголе од површината на Франција и содржи 1.800 милијарди парчиња пластика кои тежат околу 80 милиони кг.
До 2040 година компанијата се надева дека ќе исчистат 90% од пластиката во Тихиот Океан. Исто така, работат на развојот на најновата верзија, System 3, бариера која ќе биде долга 2,4 км и уште повеќе ќе го забрза процесот на чистење.
(Interesting Engineering)
(фото: Ocean Cleanup)