Хотелските аранжмани во Охрид поскапуваат за 30 отсто?!

- Advertisement -

Хотелските аранжмани во Охрид и Струга оваа сезона ќе поскапат за 30 отсто, а покачувања на цените ќе има и за претстојните велигденски празници, најавуваат од  Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ).

Поскапувањето, од Асоцијацијата велат дека се должи на високите цени на производите, енергенсите, но и повисоките плати кои тие им ги даваат на работниците за да ги задржат, односно да не се доведат во ситуација да немаат работници поради големиот наплив на Македонци кои во текот на летото заминуваат на работа во Хрватска.

- Advertisement -

-И покрај поскапувањето на услугите, Македонија останува најевтина дестинација во регионот. Нема повеќе веќе од 20 и нешто евра за ноќевање, туку е 30 и нешто евра, а некаде и повеќе, вели претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески за ТВ 24..

И покрај инфлацијата и кризата, оваа сезона во Охрид и Струга се очекува да пристигнат голем број туристи – домашни, но и странски. Се очекува поголем број на туристи од Англија, Полска и Холандија по воспоставените сезонски летови од овие држави. Во регионот, исто така има коригирани цени на сместувањето.

- Advertisement -

Извор – Скопско Ехо

Сподели!
- Advertisement -