Научно откритие покажа дека луѓето во Шпанија се дрогирале пред 3.000 години

- Advertisement -

Според ново научно истражување, луѓето во Шпанија консумирале халуциногени доги пред отприлика 3.000 години. Имено, косата од гробно место на Менорка покажа дека древните човечки цивилизации користеле дроги добиени од билки и грмушки.

Се верува дека тоа е најстариот директен доказ дека луѓе во Европа земале халуционгени дроги. Дрогите веројатно предизвикувале делириум и халуцинации, открија истражувачите.

- Advertisement -

Нивните наоди се објавени во списанието Scientific Reports и покажуваат знаци на ќовечка активност во пештерата Ес Карикс, на југозападниот дел на Менорка. Во пештерата се наоѓаат над 200 човечки гробови, а се верува дека служела како ритуално и погребно место околу 600 години, се до 800 пр.н.е.

Истражувачите откриле дека дрогите, кои биле прилично јаки, можеби се користеле како дел од ритуали кои се одржувале во шетерата. Тие можеби вклучувале шамани, кои биле способни да ги контролираат нуспојавите на растителните дроги.

- Advertisement -

Со анализа на прамените коса пронајдени таму, кои при ритуалите биле обоени во црвена или сина боја и веројатно потекнувале од повеќе луѓе, откриени се три психоактивни супстанции. Покрај атропинот и скополаминот, кои предизвикуваат халуцинации, научниците пронашле и ефедрин, кој ја подигнува енергијата и будноста.

Истражувачите забележале и дека во пештерата имало садови со спирални мотиви гравирани на капаците. Во извештајот се наведува дека некои научници сметаат дека тоа претставува променета состојба на свеста на луѓето кои биле под влијание на халуциногените.

- Advertisement -

Претходните докази за праисториска употреба на дроги во Европа се базираат на индиректни докази како што се уметничките слики.

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -