Човечката меморија може да биде точна само неколку секунди

- Advertisement -

Најново истражување, кое го направија холандски научници, доведе до нови сознанија во однос на човечката меморија. Имено, иако од нашата меморија исчезнуваат настани од подалечното минато, се почеста е појавата да има грешки во сеќавањата кои се од неодамна.

Од препирки околу тоа кој го резервирал налошиот одмор до различни сеќавања за нечија свадба, настаните од подалечното минато може на крајот да бидат погрешно запаметени.

- Advertisement -

Меѓутоа, сега истражувачите тврдат дека дури и настаните од неодамна може да содржат грешки. Научниците кои ја истражуваат нашата способност да се сеќаваме велат дека луѓето можат да погрешат само неколку секунди после настанот кој се случил. Тој феномен тимот го нарекол илузија на краткорочно памтење.

„Дури и во најкраток рок нашето памтење може нема да биде точно. Посебно кога имаме силни очекувања за тоа каков би требало да биде светот, кога нашето сеќавање ќе почне по малку да избледува, дури и после 1,5 секунда, 2 секунди, 3 секунди. Тогаш почнуваме да ја пополнуваме меморијата врз основа на нашите очекувања“ вели Марте Отис, авторка на истражувањето од Универзитетот Амстердам.

- Advertisement -

Oтис и нејзините колеги пишуваат за списанието Plos One, во кое во еден текст пишувале за претходни истражувања кои покажале дека кога на луѓето ќе им се покаже ротирана буква или буква во огледало, тие често велат дека ја гледаат буквата во нормална положба. Иако порано тоа се припишувало на испитаници кои погрешно го гледаат обликот, Отис и колегите се сомневале.

Затоа тие направиле четири експерименти со вкупно 23 учесници. Бројот на грешки во нивните одговори растел како што се зголемувал периодот помеѓу настанот и одговорот или пречките кои им се поставувале да ги деконцентрираат.

- Advertisement -

Истражувачите велат дека ова укажува на тоа дека грешките се сведуваат на грешки во нивното краткотрајно памтење, со оглед на тоа дека самата перцепција не би требало да се влоши со тек на време.

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -