Хотел Арена, новиот туристички хит на Попова Шапка

- Advertisement -

Попова Шапка за многумина враќа преубави спомени од детството кога речиси и да немаше училиште во земјава кое не организираше посета на овој зимско-рекреативен центар во текот на зимските распусти. Посетатa на т.н. „Снежен град“ беше голема атракција, за којашто многумина навистина жалат што повеќе не е дел од традицијата.

За среќа, изминативе години фокусот на домашната јавност повторно се сврте кон овој планински бисер, па вложувањата во сместувачки објекти овде е повеќе од добредојден.

- Advertisement -

Еден таков позитивен пример е хотелот „Арена“, каде што во изминатиот период се направи комплетна реконструкција и опремување за користење на постоечките осум соби на приземје од хотелот кои беа вон употреба, се променија вратите од бањите, целосно се уредија балконите, се направија замени на прозорците, целосно уредување на надворешната фасада на хотелот, а исто така беше отворен и директен влез од собите во спа-центарот. Она што му дава особена предност на овој хотел е отворањето на спа-центарот со џакузи, парна бања, сауна, базен, туш и соблекувални и релаксирачка масажа Garra Rufa. А за привлекување и на деловна клиентела беше отворена и конференциска сала за состаноци со капацитет од 50 седишта. Во рамките на овој проект беше отворена и ски-сала за складирање на ски-опрема, а беа поставени и термо-сончеви панели за топла вода за систем со затворен притисок.

Благодарение на финансиската поддршка од Проектот за локална и регионална конкурентност, хотелот „Арена“ постигна изненадувачки резултати. Покрај идеалната местоположба, реконструкцијата на хотелот придонесе да бидеме голем конкурент и пример за останатите хотели во регионот. Зголемувањето на капацитетот, изградбата на спа-центарот и реконструкцијата на постоечките простории на хотелот ни овозможија да привлечеме големо внимание од туристите. Зголемениот квалитет на услугите, поголемиот сместувачки капацитет и инвестирањето во обновливи извори на енергија (соларни панели за топла вода) ни овозможија драстично да го зголемиме профитот и со тоа да останеме конкурентни на пазарот, задоволно вели Гале Неделкоски од хотелот „Арена“.

- Advertisement -

Вкупниот буџет за потроектот изнесуваше 168.583 евра, од кои 82.934 евра беа финансирани од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија, а 85.649 евра се самофинансирање. 

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) беше проект финансиран од ЕУ насочен кон подобрување на придонесот на туризмот кон локалниот економски развој.

Сподели!
- Advertisement -