Изгледа дека Илон Маск се подготвува да се приклучи на лудилото кое го предизвика ChatGPT на OpenAI. Иако беше еден од основачите на OpenAI откога е стартуван како непрофитна организација во 2015 година, во меѓувреме се фокусираше на други проекти.
Сега повторно се насочува кон вештачката интелигецнија. Според извештаите на некои медиуми, Маск во март годинава регистрирал компанија наречена X.AI Corp во Невада и станал нејзин директор.
Дека Маск сериозно се врти кон вештачката интелигенција доказ е и тоа што во својата компанија воведе низа експети за вештачка интелигенција, но набавил и околу 10.000 моќни процесори, кои треба да бидат рбетот на моќниот компјутер кој би работе со вештачка интелигенција.
Овој потег на Маск е особено интересен затоа што тој беше еден од потписниците на отвореното писмо кое бара паузирање од развојот на вештачка интелигецнија во период од шест месеци.
(Zimo)
(фото: ERP Today)