Во првиот квартал од годинава на пазарот за паметни телефони беше забележан пад од дури 12% во однос на истиот период минатата година и ова е петти квартал по ред како овој пазар е во минус. Со оглед на тоа дека минатата година ја одбележа енергетската криза, нестабилноста на пазарот, големата инфлација, како и многуте откази од работа, оваа ситуација не е никакво изненадување.
Исто така, додека претходно корисниците купуваа ноив модели на телефони секои две години, во последно време ситуацијата е променета. Новите генерации телефони немаат некои револуционерни опции, туку само класични надградби, корисниците нови телефони купуваат после подолго време – 3 дури и 4 години.
Податоците за состојбата на пазарот во првите три месеци од годинава ги објавија од аналитичката компанија Canalys. Од аналитичката куќа веруваат дека и покрај лошиот период, доаѓа подобро време, стабилизација и закрепнување на пазарот поради очекуваното подобрување на економската ситуација, но и растот на побарувачката за 5G уреди и смартфони на преклоп.
Што се однесува на трендовите на пазарот, овој квартал повторно донесе промена на лидерската позиција. Откако Apple во последниот квартал од минатата година застана на првата позиција на глобалниот пазар за смартфони, сега Samsung повтрно застана на чело на пазарот со кој доминира веќе неколку години.
Јужнокорејската компанија во првите три емсеци од годинава зазеде 22% од пазарот, додека уделот на Apple е 21%. Интересно е тоа што во споредба со истиот период претходната година, Samsung забележа пад од 2%, а Apple раст од 3%, што Canalys го припишува на големата побарувачка за iPhone 14 Pro.
После нив следуваат Xiaomi на трето место со удел од 11%, Орро со 10%, а на петто место е Vivo со 8%.
(Canalys)
(фото: Flickr)