Србија лидер во регионот на Западен Балкан по резерви на злато, Македонија на второ место

- Advertisement -


Србија со 38,5 тони злато е убедлив лидер по резерви на злато во регионот на Западен Балкан, а од друга страна, Црна Гора по осамостојувањето нема купено ниту грам од овој благороден метал.

На второ место во Западен Балкан е Северна Македонија со 6,8 тони злато, според податоците на Светскиот борд за злато, потоа Словенија со 3,7 тони, Албанија со нешто повеќе од три тони, БиХ со 2,7 и Хрватска со два тона.

- Advertisement -

Црна Гора не е на таа листа, но Министерството за финансии на таа земја наведува дека резервите се 1,2 тони, кои ги добиле по распадот на Југославија, пренесува Спутник.

САД имаат најголеми резерви на злато во светот со 8.133 тони. Втора е Германија со 3.355 тони, а трета и четврта се Италија и Франција со нешто помалку од 2.500 тони. Русија е петта со 2.298 тони, а Кина е шеста со 2.010 тони.

- Advertisement -

Интересно е што некои богати земји, како Канада и Норвешка, воопшто немаат злато во девизните резерви.

Најголем нето продавач минатата година беше централната банка на Казахстан, која продаде 50,7 тони злато.

- Advertisement -

Од друга страна, Кина со години е еден од најголемите купувачи на злато. Минатата година беше на второ место со 62,2 тони, а убедливо прва беше централната банка на Турција која во 2022 година купи дури 147,6 тони злато.

Глобалната побарувачка за злато минатата година се зголеми за 18 отсто и изнесуваше 4.741 тони.

Минатата година беше одбележана со побарувачката на злато од централните банки, кои минатата година купија 1.136 тони злато, што беше најголема побарувачка за злато од централните банки откако се води евиденција.

Според податоците на Светскиот борд за злато, тоа беше прв пат од 1950 година, кога беа следени овие податоци, побарувачката на злато од централната банка да надмине 1.000 тони за една година.

(Denar.mk)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -