Пивото е еден од најпопуларните алкохолни пијалаци во светот. Сепак, производството на пиво е долготраен процес, кој понекогаш може и да не ги даде посакуваните резултати. Токму затоа група истражувачи од Американската хемиска асоцијација дојдоа на идеја да развијат минијатурни роботи кои ќе прават пиво и ги нарекоа BeerBots.
Тие ги создадоа со цел да се забрза и да се поедностави процесот. Според соопштението од компанијата, овие мали BeerBots се направени со комбинација на магнетни наночестички на железен оксид и алгинати на натриум добиени од алги. Сите тие ги измешале во железно хлориден раствор.
Кога малите роботи потоа биле ставени во сладот, резултатите покажале дека споредено со традиционалниот метод, го забрзале процесот на ферментација. Освен тоа, ја елиминирале потребата за филтрирање на пијалакот после ферментацијата, се вели во студијата.
Ферментацијата на шеќерите била постигната порано со помош на капсули со квасец наместо со квасни клетки. Како што шеќерите се потрошиле и ферментацијата сопрела, капсулите со квасец потонале на дното на садовите. Евентуално, целиот процес го олеснил одделувањето на квасецот од финалниот производ со помош на магнет и се добило пиво. Моменталниот чекор кој се користи за филтрирање потешко ги одвојува слободните квасни клетки. Освен тоа, новите роботи BeerBots може да се користат за три циклуси на ферментирање.
Како што објаснуваат, традиционално во првиот чекор шеќерите се екстрахираат од зрната за да се добие воден раствор наречен слад. Потоа квасецот ги ферментира тие шеќери и ги претвора во алкохол, гасовит јаглерод диоксид и нови соединенија кои го даваат вкусот. Овој чекор може да трае до четири недели. Во текот на тој процес микроорганизми можат да го контаминираат и да го расипат финалниот производ. Тоа ја дава горчливоста. Шансите да дојде до расипување на финалниот производ се многу помали со овие нови капсули и целиот процес на зреење на пивото се забрзува.
Врз основа на овие резултати, истражувачите веруваат дека BeerBots можат да произведат вкусно пиво многу побрзо и може да бидат иднината на индустријата за ферментација затоа што побарувачката за пиво продолжува да расте на гловално ниво.
Студијата за ова е објавена во весникот ACS Nano.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)