Од утре започнува исплата на Мој ДДВ, сега со зголемен лимит од 2.100 денари

- Advertisement -

Од утре започнува исплатата на Мој ДДВ за првото тромесечје, сега со зголемен лимит од 2.100 денари, најави директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

За првпат ќе исплатиме 2.100 денари кај сите оние кои преку скенираните сметки дошле до тоа ниво. Во текот на утрешниот ден веќе ќе бидат исплатени првите налози. Средствата што треба да се вратат преку оваа мерка за првото тромесечје се околу 10 милиони евра и тие средства се предвидени во буџетот. Ќе инсистирам секој почеток на тековна година да расте лимитот за поврат на ДДВ на физички лица, порача Лукаревска во интервју за емисијата „Утрински печат“.

Сподели!
- Advertisement -