На Германија до 2060 година ќе и недостигаат 5 милиони работници, покажа студијата на Институтот за истражување на трудот (IAB), која ја пренесоа германските медиуми.
„Срудијата покажа дека на работодавците во годините кои претстојат на располагање ќе им бидат многу помалку работници. Ако сакаме нешто да направиме против овој тренд, мора дополнително да ги забрзаме мерките од типот на интегрљацијата на постарите лица и жените на пазарот на труд, како и на доселениците“ изјавија од IAB.
До 2060 година бројот на работници на пазарот на труд во земјата ќе се намали за 11,7% – од сегашните 45,7 на 40,4 милиони. Притоа, овие проценки не го земаат предвид и растечкиот процент на постари граѓани и жени кои влегуваат на пазарот на труд, како и мерките кои би требало да го поттикнат доселувањето на работна сила.
Од Институтот додаваат дека во иднина при доселување на работна сила, која моментално пред се доаѓа од други земји во ЕУ, ќе биде потребно да се фокусираат главно на работници надвор од ЕУ.
„Ние мора да ги отстраниме пречките кои стојат на патот на доселувањето на работна сила од трети земји“, објаснуваат од Институтот.
Моментално новиот закон на коалициската влада, ко би требало да го олесни доселувањето од земји кои не се членки на ЕУ, поминува низ парламентарна процедура. Меѓутоа, според мислењето на економистите од IAB, тоа нема да биде доволно.
„Ние мора да го поттикнеме наталитетот, а за тоа мора да создадеме општествени услови кои ќе го олеснат балансот меѓу работата и приватниот живот. Тука спаѓаат факторите од типот флексибилно работно време, како и доволно места в градинкие“ велат од IAB.
(Index)
(фото: pix4free)