Во Велика Британија родено е првото бебе со тројца родители

- Advertisement -

Првото бебе во Велика Британија зачнато со помош на ДНК од тројца луѓе се роди откако лекари направија револуционерна постапка на вонтелесно оплодување, чија цел е да се спречи децата да ги наследат неизлечивите болести од родителите.

Техниката позната како митохондриско донирање користи ткиво од јајни клетки од здрави женски донатори за да се создаде ембрион кој ги нема штетните мутации од мајката и кои веројатно би ги пренеле на своите деца, пренесува The Guardian.

- Advertisement -

Бидејќи ембрионот носи комбинација од спермата и јајце клетките од биолошките родители со мали батериски структури, кои се нарекуваат митохондрии од клетките на донаторот, новороденото бебе има ДНК од мајката и од таткото, како вообичаено, плус мала количина генетски материјал од донаторот – околу 37 гени.

Затоа бебето се нарекува бебе со тројца родители, иако над 99,8% од ДНК кај бебето е од мајката и таткото.

- Advertisement -

Истражувањето наречено митохондриска терапија на надоместување го започнале лекари од Центарот за плодност во Њукасл и имало за цел да им помогне на жените со мутирани митохондрии да имаат бебе без ризик од пренесување на генетски пореметувања. Луѓето ги наследуваат своите митохондрии од мајките, а штетните мутации во т/н. батерии може да влијаат на децата.

За жените кои имаат такви мутации зачнувањето е исто како коцкање – некои деца може да се родат без да наследат пореметувања, а други може да наследат многу од таквите пореметувања и да развијат тешки, прогресивни и дури смртоносни болести.

- Advertisement -

Отприлика едно од 6.000 бебиња има такви митохондриски пореметувања.

(N1)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -