Илон Маск открива – Twitter наскоро ќе воведе опција за шифрирани пораки и повици

- Advertisement -

Извршниот директор на Twitter, Илон Маск, откри нови детали за идните опции на оцаа мрежа, вклучувајќи и додавање можност за повици и шифрирани пораки. Минатата година Маск ги нарече своите планови за Twitter, „Twitter 2.0 The Everything App” и рече дека оваа платформа ќе има карактеристики како шифрирани директни пораки, твитови во друг облик и опција за плаќање.

„Наскоро гласовниот и видеочетот ќе бидат достапни на оваа платформа, така што ќе можете да разговарате со луѓе каде било во светот без да им го дадете својот телефонски број“ oткри Маск.

- Advertisement -

Карактеристиките на повиците на Twitter ќе ја усогласат оваа платформа за микроблогирање со апликациите Facebook и Instagram на компанијата Metа, кои имаат слични облици.

Маск рече дека верзијата шифрирани директни пораки ќе биде достапна на Twitter од среда, но не откри дали и повиците ќе бидат шифрирани. Twitter неделава објави дека ќе почне со процесот на чистење, односно отстранувањеи архивирање на профилите кои се неактивни веќе неколку години.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: East Anglia Bylines)

Сподели!
- Advertisement -