Создадена лепенка која лекува алергија на кикиритки кај бебиња и мали деца

- Advertisement -

Една нова студија покажа дека експериментална лепенка може ефикасно да лекува алергија на кикиритки кај бебиња. Примарната цел на лепенката е да го подготви телото на малите деца за случајно каснување кикиритки.

Биофармацевстаката компанија DBV Technologies, со седиште во Франција, ја создаде оваа нова лепенка, која ја нарече Viaskin. Лепенката дава имунотерапија преку кожата. Содржи 250 микрограми протен од кикиритки, кој дневно се апсорбира преку кожата.

- Advertisement -

“Viaskin Peanut, која е нова форма на EPIT, има потенцијал да понуди нова и револуционерна наука која ја модифицира реакцијата на организмот на алергија така што го реедуцира имунолошкиот систем да ја зголеми толеранцијата на алергентите“ се вели во официјалното соопштение.

Овој изум е револуционерен затоа што траги од кикиритки може да се најдат во многу видови храна за деца, вклучувајќи и бонбони, сосови, сладолед и слично. Како резултат на тоа лепенката ќе спречи алергиска реакција при ненамерно внесување кикитирки затоа што телото ќе биде научено од мала возраст. Освен тоа, досега нема лекови за алергија на кикиритки кои се одобрени од американската Агенција за храна и лекови за деца помали од 4 години.

- Advertisement -

Компанијата неодамна ги објави резултатите од EPITOPE истражувањето на епикутанска имунотерапија. Во последната фаза од клиничкото истражување биле вклучени 362 бебиња од осум различни земји на возраст од една до три години алергични на кикиритки. Тие биле тестирани за реактивност на кикиритки и утврдување на нивната толеранција на различни дози протеин од кикиритки.

После едногодишен третман резултатите откриле дека речиси 2/3 од децата можеле безбедно да консумираат одредена количина кикиритки. Тоа било особено битно кај децата кои не можеле воопшто да толерираат кикиритки пред терапијата, а потоа можеле безбедно да изедат неколку.

- Advertisement -

Ако биде одобрена, оваа лепенка може да има даде нова надеж на децата со алергија на кикиритки. Студијата за оваа иновација беше објавена во весникот The New England Journal of Medicine на 11 мај годинава.

(Interesting Engineering)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -