ВИДЕО: Автомобил од 3 милиони долари паркиран на 57. кат

- Advertisement -

Младиот австралиски претприемач Адријан Порторели предизвика бес во јавноста поради неразумното трошење пари. Откако ја збогати својата колекција со болид на Мекларен вреден 3 милиони долари, одлучи да го паркира во својот дом вреден 39 милиони долари.

Меѓутоа, она што е необично тука е што тој не живее во куќа, туку во стан на 57. кат. За да го паркира мораше да употреби посебна дигалка, а во целиот маневар учсетвуваше и цел тим работници.

- Advertisement -

Имено, освен што мораа да го подигнат скапоцениот товар, работниците пред тоа отстранија стаклена облога од страната на фасадата на зградата за да го сместат болидот во станот. Многумина, се разбира, се прашуваа зошто го прави тоа и ако веќе нема намера да го вози, зошто го купил. Неговиот одговор дополнително ја разбесни јавноста.

„Овој автомобил не можам да го регистрирам за возење по пат, па само собира прашина во гаража. Одлучив да го ставам на сигурно место – на 57. кат. Им благодарам на сите што учествуваа во овој апсолутно надреален момент“ се вели во објавата на Порторели.

- Advertisement -

Мекларен произведе само 75 примероци од овој болид со мотор од 4.0 V8, а перформансите се дури страшни. Ова е еден од најбрзите автообили на денешницата.

(CDM)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -