Отпадот од фармите во источна Македонија повеќе нема да ја загадува животната средина туку од него се прави струја во био гасната електрана во општина Лозово. Инвестицијата е на компаниите „Централ инвест“ и „Феро инвест“ на поранешниот вицепремиер Анѓушев.
„Био ентерпрајз“ е целосно еколошки систем, со најмодерна технологија која има висока ефикасност, ефективност и максимална производствена моќ.
Од органски отпад до електрична енергија. Биогасната електрана во село Сарамзалино, општина Лозово, која започна со работа минатата година во декември е вредна 12 милиони евра, а се градеше 2 години. Електрана е систем кој е целосно еколошки, за разлика од фотонапонските електрани кои исто така не загадуваат, био гасните дури и го разградуваат биолошкиот отпад, даваат гориво а нуспродукт е природно течно ѓубриво и хумус кои се користат во земјоделството. Од оваа електрана со струја може да се снабдат 3,500 семејства или 15,000 жители.
-Електраната се градеше две години, инвестицијата е 12 милиони евра и годишно произведува 17 илјади киловат часови струја, менува 16 тони јаглерод диоксид кој се испушта во атмосферата или заменува 700.000 дрва во шума што треба да го прочистат воздухот. Од оваа електрана со струја може да се снабдат 3.500 семејства или 15.000 жители.- Кочо Анѓушев – „Феро инвест“
Како инвеститори освен Фероинвест се јавуваат и фирмата за амбалажа од Охрид АСП-ПАК и најголемата фирма за одгледување на свињи во Македонија „Агриа“ чии сопственици истакнаа дека оваа електрана го решава проблемот со увозот на вештачки земјоделски ѓубрива како и прашањето со екологијата и одложувањето на отпадот од фармите.
Извор – Канал 5