Сенер Агушевски лансираше македонски бренд професионална козметика за коса – SENER Professional

- Advertisement -

SENER Professional e бренд на Сенер Агушевски, кој повеќе од 10 години работи како фризер на нашиот пазар во неговото студио SENER HAIR STUDIO VIP. Водени од желбата за успех и напредок примарна цел на неговиот тим е квалитет и ентузијазам што неминовно води до задоволни и постојани муштерии и соработници.

Г-н Агушевски, како дојде до идејата за создавање на сопствен македонски бренд на козметика за нега на коса?

- Advertisement -

Приказната започнува при самите почетоци на моето запознавање со фризерската професија и неопходноста на квалитетни производи за нега на косата кои ќе се применуваат во работењето за да се постигне посакуваниот резултат. Моето знаење и искуство го стекнав во Швајцарија, во престижната академија на Vidal Sassoon, а други позначајни едукации се кај Toni&Guy – Лондон, Stevo, Laura Begato – Барселона и други. Преку мојот салон Сенер Хаир Студио ВИП започнав да ги применувам светските практики и кај нас, со што во текот на годините ја стекнавме довербата на голем број задоволни клиенти.

Но, приказната не застана тука?

- Advertisement -

Навиките стекнати на светско ниво, динамиката и желбата за напредок нѐ донесе до едно понапредно ниво, производство на сопствени производи. Целта беше да се создадат производи кои ќе ми овозможат да ги постигнам посакуваните резултати, за да може да ги реализирам креативните идеи онака како што сум ги замислил. Процесот на создавање беше динамичен, каков што сум и јас, па заедно со хемичарите, создававме мостри кои ги пробував, корегирав, се` додека не дојдовме до посакуваниот квалитет.  

Какви производи има во асортиманот на SENER Professional козметиката за коса?

- Advertisement -

Тоа се две специјално дизајнирани линии, едната професионална, со специфични намени за нега на косата, другата фамилијарна, наменета за секојдневна употреба на клиентите.

Првата линија на професионална козметика постои веќе 3 години и има многу задоволни клиенти кои ги почувствувале нејзините бенефити. Во неа има шампони и маски за коса, специјални препарати за нега и заштита на бојадисувана коса, а од неодамна и хидрогени и бланш кои се неопходни во секојдневното работење на фризерските професионалци.

Наш заштитен знак е SENER PLEX, омилениот производ на фризерите со кои соработуваме, кај кој посебно се издвојува квалитетниот кератин и формулата за регенерирање на косата. Доколку вашата коса е уништена со долготрајно осветлување, Sener Plex ќе ви овозможи да ја вратите нејзината сила, да ја вратите природната текстура на вашите локни, или да ја направите мазна и сјајна. Овој уникатен третман, исто така, ви овозможува да постигнете најсветла нијанса на секое влакно, без да ја оштетите косата. При бојадисување или бланширање, само додадете PLEX во смесата од боја за коса или бланш, и влакното ќе биде заштитено при хемиските процеси.

Дали производите се наменети само за професионална употреба?

Сите производи, освен бланшот и хидрогените, може да се користат и при редовна употреба во вашиот дом. Дополнително, изминатата година создадовме и нова линија на производи наменета за секојдневна, фамилијарна употреба со пристапни цени.

Во оваа линија се Garlic shampoo шампонот со природен екстракт од лук, кој помага да се спречи опаѓање и го поттикнува растот на косата и Hair Repair маската за нега на коса, која го заштитува и го обновува влакното на сите типови коса.

Предноста на оваа линија е што се вклучени истите квалитетни состојки, но е изработена со посебна формула и во големи пакувања, за да излезе во пресрет на секојдневните потреби на потрошувачите.

Покрај на македонскиот пазар, SENER Professional производите се веќе присутни и на пазарот во Србија и во Кувајт, а наша цел во иднина е нивно проширување на голем дел од пазарите во Европа и пошироко.

Сите производи се произведени според британска технологија, со ISO стандарди за квалитет.

Што претставува SENER Professional Family мрежата на фризерски салони?

Како наредно ниво на заеднички раст и споделување на нашите знаења и искуства, е создавање на заедничка мрежа преку повеќе нивоа на соработка на фризерските професионалци – SENER Professional Family.

Членовите на програмата за соработка на SENER Professional Family ги употребуваат производите од SENER Professional, со постојана едукација за нивната најсоодветна примена за создавање на среќни и задоволни клиенти кои повторно ќе се враќаат кај вас.

Со станување член на SENER Professional Family, тие стануваат дел од голем тим, со кој се во постојана комуникација за било какви прашања, недоумици и лична надградба. Исто така, за членовите организираме и разни едукативни, но и настани за дружење. Изминатата година имавме три MASTER CLASS обуки во хотел Александар во Скопје, забава покрај базен за запознавање на членовите од Македонија и Србија и сл. Последно, по повод 1 година постоење на SENER Professional Family, имавме и голем целодневен настан во хотел Мериот во Скопје, каде што имавме повеќе MASTER CLASS презентации за фризури и шминка, ревијален натпревар на учениците од фризерските школи „Димитар Влахов“ и „Шаип Јусуф“, панел дискусија, како и модна ревија на Malikowsky couture.

Што би им препорачале на купувачите при изборот на SENER Professional производите?

Би им препорачал да одберат производ кој одговара на нивната потреба за нега на косата, а притоа покрај шампонот да користат и соодветна маска за коса, за комплетен третман и на коренот и на влакното. Доколку сакаат секојдневен сет нека го одберат фамилијарниот Сет за нега на коса шампон со лук и маска, кој е достапен во дел од поголемите аптеки и маркети, но може да се нарача и онлајн.

Земајќи го предвид мислењето на нашите долгогодишни муштерии, пред сѐ нивното задоволство и долгодишното искуство на нашиот пазар, сметам дека имаме одлични производи со пристапни цени.

За да дознаете повеќе за SENER Professional производите, или како и Вие да станете дел од SENER Professional Family, контактирајте го Hair Vip Studio или на www.senerprofessional.com.mk

Сподели!
- Advertisement -