Пред неколку дена пишувавме дека јапонски научници од Универзитетот Кјото планираат до 2025 година да го направат првиот безжичен пренос на сончева енергија од вселената на Земјата со помош на микробранови. Но, изгледа дека калифорнискиот Институт за технологија Caltech ги претрка и пред неколку дена објави дека нивниот вселенски прототип наречен Space Solar Power Demonstrator (SSPD-1) собрал сончева енергија, ја претворил во електрична и ја испратил до микробранови приемници поставени на кровот на кампусот на Caltech во Пасадена.
„Колку што ни е познато никој досега не демонстрирал безжичен пренос на енергија во вселената, дури и со скапи и крути структури. Ние тоа го правиме со флексибилни и лесни структури и со наши сопствени интегрирани кругови. Ова е прв пат“ вели Али Хајмири, професор по електротехника и медицинско инеженерство на Caltech и партнер во нивниот проект за вселенска соларна енергија (SSPP).
Експериментот познат како Експеримент во ниската орбита со микробранова низа за пренос на енергија или скратено MAPLE е еден од трите истражувачки проекти кои се прават на SSPP. Од Caltech велат дека во него биле вклучени две позебни низи приемници и лесни микробранови испраќачи со прилагодени чипови, а реносната поставвка е дизајнирана да ја минимизира количината гориво потребна за испраќање во вселената и воедно морала да биде доволно флексибилна за да може да се склопи на ракета.
Експерименталниот систем SSPDм тежок 50 кг, во вселената го однесе леталото Momentus Vigoride, лансирано со ракетат на ЅpaceX во рамките на мисијата Transporter-6. Целиот сет од три прототипи во SSPD го осмисли, го дизајнираше, го направи и г тестираше тим од околу 35 постодокторанди, дипломирани студенти и допдипломски студенти во лабораториите Caltech.
Вселенската соларна енергија долго време беше нешто како свет грал во научната заедница. Иако скапа во својот моменталн облик, технологијата носи ветување за потенцијално неограничена обновлива енергија, со соларни панели во вселената кои може да ја собираат сончевата енергија без оглед на периодот од денот и да ја испратат на кое било место на Земјата во форма на микробранови.
(Vidi.hr)
(фото: Wikimedia)