Светската органиација за заштита на природата пррдупреди на драстичниот пад на биодиверизтетот во светот и повика на итно преземање конкретни мерки за да се стопира тој тренд. Соред последниот извештај на WWF за состојбата на планетата, популацијата на дивите врсти во просек е намалена за 69%
од 1970 година досега.
Од WWF потсетуваат дека пред половина година беше усвоена Глобалната рамка за биодиверзитет Кунминг-Монтреал, со која светот се обврза да го стопира и да го надомести губењето на биодиверзитетот до 2030 година, со предупредувачки податоци.
Според последниот извештај на WWF за состојбата на планетата, популациите на дивите врсти во просек се помали за 69% во однос на 1970 година, додека пред нешто повеќе од десет години истиот извештај на WWF покажуваше дека популациите на видовите се намалени за околу 30% во однос на 1970 година.
Денес состојбата е посебно алармантна кај слатководните врсти, кои се намалени за 83% во однос на бројките од 1970 година.
Од WWF укажуваат на тоа дека биодиверзитетот е мрежата на животот на Земјата. Како што наведуваат, 80% од луѓето кои живеат во рурални средини во земји во развој користат традиционални билни лекови за основните здравствени потреби. Над 70% од природните површини се пренаменети во обработливо земјиште.
На глобално ниво се фрлаат 40% од храната која се произведува на тие обработливи површини, со што се покажува дека залудно е уништена мрежата на животот во тие региони, велат од WWF.
(N1)
(фото: Wikimedia)