Кина го гради најголемиот систем за рано предупредување на земјотреси (Earthquake Early Warning System – EEWS) во светот, кој ќе се состои од над 15.000 мерни станиви, 3 национални центри, 31 регионални центри и 173 центри во општини или префектури.
Директорот на кинеската администрација за земјотреси, Мин Јирен, најави дека веќе е комплетирана главната изградба на системот, а до крајот на оваа година системот EEWS ќе биде целосно функционален.
EEWS не предвидува земјотреси. Во текот на еден земјотрес многу видови на еизмички бранови излегуваат од епицентарот на земјотресот. Првите бранови вообичено се послаби, но побрзите бранови ги активираат системите од типот на EEWS. EEWS детектира движење на копно замо што ќе почне земјотресот и изпраќа сигнал до центрите за обработка на податоци.
Алгоритмите брзо ја откриваат локацијата и магнитудата на земјотресот. Центрите за обработка на податоци брзо испраќаат предупредувања до градовите. Тоа на луѓето им обезбедува секунди кои се потребни за да се подготват затоа што секоја секунда значи живот кога има земјотрес.
Иако луѓето кои живеат блиску до епицентарот нема да имаат навремено предупредување, тие што живеат малку подалеку ќе може да се подготват. EEWS системот може да помогне да се спречат смртни случаи, повреди и инфраструктурна штета, кои се последици на земјотреси со голема магнитуда.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)