Ученикот во 12. одделение во Канада, Ариан Харсит добие сребрен медал на канадскиот саем за науки за технологијата која ја создаде. Таа технологија користи светлина за да направи разлика меѓу канцерогеното и здравото ткиво.
Неговиот изум се вика LightIR и може да донесе револуција во начинот на којшто го лекуваме ракот. Така се вели во извештајот од страна на Sudbury.com, кој беше објавен пред неколку дена.
„Операцијата е еден од најдобрите начини на лекување на ракот, но голем дел од операциите не се успешни затоа што хирурзите се случува да остават микроскопски делови од канцерогеното ткиво во телото, кои може да се размножат и да создадат нови тумори кои повторно мора да се оперираат. Денес кај пациентите го утврдуваме присуството на таквите остатоци од канцерот кај пациентите во патолошки лаборатории, кои анализираат примероци од ткивото на пациентите под микроскоп. За жал, тие тестови траат со недели, што значи дека мора да се направи уште една операција“ вели Харсит.
Харсит одлучил да направи нешто за тоа. Така дошол на идејата за новата технологија. За да го одржат својот раст и развој туморите произведуваат различни молекули на карактеристично повисоки нивоа од вообичаено. Бидејќи различните молекули различно реагираат и стапуваат во интеракција со светлината, канцерогените и здравите ткива ќе имаат уникатни оптички особини. Токму тие се разликите кои ги користи LightIR. Отсекогаш сум сакал да градам нешто и процесот на претворање на апстрактните идеи од мојата глава во реалност. Истовремено, многу ме интересира биологијата на канцерот” додава Харсит.
(Interesting Engineering)