ВИДЕО: Ова е најголемата дрвена зграда во Азија

- Advertisement -

Ова е најголемата дрвена зграда во Азија и е дел од Универзитетот за технологија Нанјанг во Сингапур. Направена е од материјал кој го наречуваат масивна граѓа. Масивната граѓа се добива со лепење на повеќе слоеви дрво додека не стане цврсто. Дрвото е од шуми каде што дрвјата се одгледуваат на одржлив начин.

Со замена на дрвената граѓа со некој друг материјал годишно ќе се заштедат 5.800 тони јаглерод диоксид. Тоа е исто како да укинете 17.000 летови до и од Сингапур до Хонгкомг.

- Advertisement -

Универзитетот дрвената зграда ја вика Гаја и е енергетски неутрална градба затоа што троши исто толку енергија колку што произведува. На кровот на зградата се поставени соларни панели и мористи систем за пасивна вентилација за да ја намали потрошувачката на енергија.

Гаја годишно испушта 2.500 кг јаглерод диоксид помалку од традиционалните градби со иста големина и е една од 16 енергетски неутрални згради во Сингапур , од кои половина се на Универзитетот Нанјанг.

- Advertisement -

Дрвените згради може да направат огромна разлика во намалувањето на емисијата на саткленички гасови затоа што на годишно ниво 8% од емисијата на јаглерод диоксид доаѓа од индустријата за бетон. Со користење на дрво во изградбата на зградите и мостовите глобалната емисија на СО2 може да се намали за 31%.

- Advertisement -

( World Economic Forum)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -