Меѓународна група од истражувачи достигна нов брзински рекорд во пренос на интернет податоци – успеаја да пренесат 1,7 петабити податоци преку стандарден оптички кабел долг 67 км. Тоа е еднакво на 17 милиони широкопојасни интернет конекции.
Оптичките кабли се најбитна компонентна на модерниот свет на интернетот затоа што поврзуваат дата центри, сателитски земни станици, кули за мобилна телефонија и континенти еден со друг. Секој оптички кабел е составен од влакна не подебели од човечко влакно (125 микрони), а е доволно моќен за да го врши целиот интернет сообраќај во светот. Технолошките компании како Facebook имаат своја сопствена подвнодна мрежа на кабли за глобални конекции.
Првиот оптички кабел беше поставен преку Атлантскиот Океан во 1988 година, кога основачот на Facebook, Марк Цукерберг, имал само четири години. Кабелот се викал TAT8 и имал капацитет од 20 мегабити и бил од суштинско значење за воспоставување на нтернет мрежата во светот. Но, многу набрзо го достигнал својот максимален капацитет.
Повеќе од три децении подоцна беше пуштена во употреба последната генерација оптички кабли, Grace Hopper, со капацитет од 22 терабити, што е 1 милион пати повеќе отколку TAT8.
Поради се поголемата побарувачка за услуги како стриминг на содржини во живо, видеоконференции и сл. дури и најновите оптички кабли наскоро го достигнаа максималниот капацитет. Истражувачите работат на разни иновации за да го максимизираат капацитетот на оптичките кабли.
Затоа мултинационален тим од истражувачи почна да работи на најновата генерација оптички кабли кои можат да пренесуваат многу поголеми количини податоци.
Сегашните кабли имаат едно единствено јадро преку кое се испраќаат повече светлосни сигнали. Бидејќи оваа технологија има свои ограничувања, истражувачите од Австралија, Јапонија, Холандија и Италија бараат различни решенија во дизајнот. Ако влакната се направат подебели, ќе бидат пофлексибилни и потешки за поставување на поголеми далечини зашто ќе бидат покршливи. Додавањето повеќе влакна ќе го зголеми трошокот за опремата потребан за функционирање на целиот систем.
На крајот истражувачите се одлучија за дизајн кој има 19 јадра, од кои секое носи по еден сигнал. Бидејќи влакното направено на овој начин се уште ги задоволува глобалните стандади, може да се користи без промена во постојната инфраструктура. Освен тоа, користи помалку енергија за пренесување поголеми количини податоци.
Истражувачите од Универзитетот Мекгвајер, кои биле дел од студијата, создадоа стаклен чип кој е суштински за правење на влакната со 19 јадра.Со користење 3Д печатење истражувачите направиле шема во стаклениот чиш за поставување на влакната, што овозможило симултано пренесување на 19 сигнали без губење податоци.
Оптичкото влакно го направиле истражувачи од Националниот институт за информатичка и комуникациска технологија и компанијата Sumitomo Electric Industries од Јапонија. Истражувачите очекуваат оваа технологија да се најде во подводните кабли во наредните 5-10 години и да го олесни истражувањето во разни области.
(Interesting Engineering)
(фото: Pixabay)