Денот на Земјата траел само 19 часа во текот на милијарда години

- Advertisement -

Ново научно истражување сугерира дека Земјата доживеала период на релативна стабилност во својата ротација, познат како досадна милијарда во текот на која должината на денот останала константна на 19 часа. Тоа траело отприлика милијарда години.

Ова откритие е резултат на студиите кои ги направиле геофизичарите Рос Мичел од Кинеската академија за науки и Уве Кирхер од Универзитетот Куртин во Австралија. Истражувачите предлагаат дека близината на Месечината до Земјата одиграла клучна улога во одржувањето на оваа стабилна ротација во тој период.

- Advertisement -

Според Мичел и Кирхер, како што се оддалечувала Месечината од Земјата, постапно крадела енергија од нејзината ротација, така забавувајќи ја и ротацијата на Земјата.

Со тек на времеМесечината ја украла ротационата енергија на Земјата за да се качи во повисок орбита, подалеку од Земјата. Поради тоа малку се продолжило времетраењето на денот.

- Advertisement -

Додека претходните студии покажале дека траењето на денот на Земјата постепено се зголемувала во текот на милијарда години, новото истражување сугерира дека постоел период на стабилност пред да продолжи зголемувањето на денот.

(Science Alert)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -