Кинески квантен компјутер е 180 милиони пати побрз од обичен компјутер

- Advertisement -

Квантниот компјутер Juizhang, кој го направи тимот предводен од Пан Џианвеи, тврдат дека може да процесира задачи поврзани со вештачка интелигенција 180 милиони пати побрзо. Џианвеи во Кина е познат како таткото на квантумот.

Иако САД е на врвот на листата со топ 500 суперкомпјутери во светот, Кина полека, но сигурно ја збогатува својата експертиза во квантните компјутери. За разлика од обичните компјутери, каде што еден бит или најмалата количина информации може да постои како 0 или 1, еден бит кај квантните компјутери може да постои како 0 и 1 истовремено.

- Advertisement -

Познат како кјубит, теоретски, овозможува основните информации да ги претставуваат сите опции истовремено, што ги прави побрзи од обичните компјутери. Кинески Jiuzhang прв пат стана познат во 2020 година кога една операција која обичниот компјутер би ја завршил за 2,5 милијарди години ја заврши за само 200 секунди.

Развојот на квантните компјутери се уште е во зародиш и истражувачите ширум светот само што почнаа да тестираат како тие системи може да функционираат и да се користат во иднина. Сепак, тимот на Пан Џианвеи одлучи ги искористи квантните компјутери за решавање на реални проблеми.

- Advertisement -

Тие решиле да го тестираат Jiuzhang и да му дадат два алгоритми кои вообичаено се користат за рандом пребарување со вештачка интелигенција. Тие алгоритми се предизвик за секој суперкомпјутер и истражувачите одлучиле да искористат 200.000 примероци за да ги решат. На моментално најнапредните суперкомпјутери би им биле потребни 700 секунди за да го проверат секој примерок и вкупно 5 години за да ги процесираат примероците. За споредба, на Juizhang ми била потребна помалку од секунда за да ги процесира. Тоа е 180 милиони пати побрзо од кој било суперкомпјутер.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -