Научни експедиции ќе ги мерат реките во светот за да ја најдат најдолгата

- Advertisement -

Прашањето дали Нил или Амазон е најдолгата река во светт со децении е предмет на дискусија меѓу научната фела, а една научна експедиција во јужноамериканската џунгла ака да ставикрај на таа дилема.

Имено, меѓународен тим од истражувачи во април 2024 година треба со чамци на соларна енергија и педали да тргне кон изворот на Амазон во перуанските анди, а потоа да патува речиси 7.000 км преку Колимбија и Бразил до слеивот на реката во Атлантскиот Океан.

- Advertisement -

Главната цел е да се направи мапа од реката и да се документира биодиверзитетот, вели координаторот на проектот, бразилскиот истражувач Јури Санада. Тие планираат да снимат и документарен филм за експедицијата.

Амазон, кој се наоѓа во најголемата прашума во светот, долго време се сметаше за најдолга река во светот поради својот волумент, кој е поголем од Нил, ЈангЦе и Мисисипи заедно. Меѓутоа, со децении има спор меѓу географите за тоа дали е подолга од Нил, а работите се отежнати поради методолошките тешкотии и немањето консензус за тоа каде почнува и завршува Амазон.

- Advertisement -

Во Гинисовста книга на рекорди пишува дека најдолга река во светот е Нил, но која река е подолга е повеќе прашање на дефинирање отколку на едноставно мерење. Енциклопедија Британија дава податоци дека Нил е долг 6.650 км, а Амазон 6.400 км.

Американскиот неуронаучник и истражувач Џејмс Роки Контос во 2014 година понуди алтернативна теорија, според која Амазон почнува подалеку отколку што се мисли, кај реката Мантаро на северот на Перу. Ако таа теорија биде прифатена, тогаш Амазон е 77 км подолг отколку што мислат географите.

- Advertisement -

Една група научници, предводени од Контос, ќе патува со сплавови долж Мантаро, Друга група ќе јава коњи покрај брегот предводени од францускиот истражувач Селин Кусто, која е внука на легендарниот океанограф Жак Кусто.

На местото каде што се спојуваат реките Санада и двајца други истражувачи ќе почнат со најдолгиот дел од патувањето во три посебно направени кануа со мотори, кои работат на соларна енергија и педали, а се опремен со сензори за мерење далечина. На тој начин ќе можат да направат попрецизни мерења.

Истражувачите ќе поминуваат низ терени населени со анаконди, алигатори и јагуари, но ништо од тоа не ги плаши, велат тие. Најмногу се плашат од трговците со дрога и незаконските рудари.

Кануата ќе бидат опремени со непробојна кабина, а тимот преговара со властите за да добијат оружена придружба за најопасните предели.

Ако експедицијата биде успешна, ќе биде повторена и долж течението на Нил.

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -