Научници од Кралските ботанички градини и нивните партнери откриле нов вид на палма која цвета под земја и ја нарекоа Pnanga subterranea, име кое доаѓа од латинскиот збор за подземје.
Овој вид му е добро познат на локалното население на тропскиот остров Борнео во Југоисточна Азија, кои обожавааг да ги грицкаат нејзините црвени, слатки и сочни плодови. Билката ја открија научници кои опишувале околу 300 видови на палми на островот.
Ова неочекувано откритие отвора многу повеќе прашања отколку пто дава одговори. На пример, како се опрашува палмата? Како опрашувачот ќе го најде цветот под земја? Како овој феномен еволуирал и со што наредно ќе не изненадат палмите?
Pinanga subterranea се приклучува на над 2/500 видови палми кои и се познати на науката, од кои на дури половина им се заканува изумирање. Палмата може да се најде по прашумите на Борнео. Пред научниците да и дадат описно име, оваа палма имала име на најмалку три локални јазици: Pinang Tanah, Pinang Pipit, Muring Pelandok и Tudong Pelandok.
И покрај тоа што им е дозбо позната на луѓето на Борнео, научната заедница имала потреба од тесна соработка со локалното население за да ја истражи. Прв на присуството на оваа билка предупредил коавторот на студијата, Пол Чаи, кој е малезиски ботаничар и „кум“ на палмата Pinanga chaiana. Тој по прв пат се сретнал со палмата во 1997 година, додека чистел густи лисја кои ја опкружувале младата палма за подобро да ја сними.
Научници повторно се вратиле во 2018 година и зеле неколку примероци за да ги истражуваат. Без дојавата на малезискио колега Чаи веројатно овој нов видс на палма би го помешале со некоја неугледна садница на палма и би поминале крај неа, велат научниците.
Студијата е објавена во списанието РALMS – Journal of the International Palm Society.
(Zimo)
(фото: Pxfuel)