Телескопот James Webb испрати нови фотографии од Сатурн и неговите прстени

- Advertisement -

Напредниот вселенски телескоп James Web со саати правеше детални фотографии од Сатурн, втората најголема планета во сончевиот систем. Фотографиите се објавени на неофицијалната интернет страница JWST Feed и уште не се обработени и колоризирани.

На оваа страница се наоѓа најголем извор на информации за телескопот James Webb, вклучувајќи го и неговиот распоред на опсервации, а се прави освежување на страницата на секои неколку минути.

- Advertisement -

Фотографиите настанале благодарение на инструментот наречен Infrared Spectrograph (NIRSpec), а нивното проучување би можеко да доведе до нови сознанија за Сатурн и за неговите месечини.

Страницата Science Alert пишува дека неколку фотографии ја прикажуваат планетата, нејзините прстени, па дури и месечините благодарение на употреба на повеќе филтри. На една од ние Сатурн е речиси целосно црн поради филтерот F323N, кој ја одбива светлината која е подолга од 3,3 микрони и пократка од 3,2 микрони.

- Advertisement -

Меѓутоа, со оглед на темницата во вселената, прстените на Сатурн светат во иснфрацрвени должини и должини блиски до инфрацрвените. Бидејќи прстените така го рефлектираат зрачењето, тие доминираат на фотографијата.

Фотографиите се направени на барање на тим од научници од Универзитетот Леичестер затоа што сакаат да дознаат повеќе за месечините на Сатурн и за прстените.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: JWST Feed)

Сподели!
- Advertisement -