Дубровник строго ќе казнува движење со куфери на тркала!

- Advertisement -

Без разлика дали сте љубител на „Game of Thrones“ или едноставно сте таму за сонце, Дубровник е омилена туристичка дестинација. Но, доколку летово одите во овој атрактивен град за туристи во соседна Хрватска, размислете за багажот што ќе го носите со себе.

Благодарение на новите правила, на посетителите на Стариот град на Дубровник им е забрането да влечат куфери на тркала по неговите кривулести патишта – што значи дека нема да имате друг избор освен да ги носите сопствените торби, пренесува Метро.

- Advertisement -

Новата политика ја воведе градоначалникот Мато Франковиќ, кој рече дека тоа е обид за сузбивање на загадувањето со бучава, откако локалното население беше уморно од будење навечер од звукот на патниците кои удираат со куферите по камените улици. А оние кои ќе бидат фатени како ги влечат куферите на тркала би можеле да се соочат со казна од 265 евра.

Всушност, според градоначалникот, овие правила се „само почеток“. Од ноември локалната самоуправа се надева дека со заеднички сили ќе го реши проблемот со куферите во Дубровник, со воведување систем според кој торбите ќе се депонираат надвор од градот и со курир ќе се транспортираат до сместувањето. Звучи елегантно – и потенцијално, прилично скапо.

- Advertisement -

Но, додека тие планови не се остварат, се чини дека нема привремен план за оние кои не можат да го носат сопствениот багаж. Исто така, се повикуваат туристите да не ги шетаат домашните миленици без поводник, да не се качуваат по споменици или да се шетаат без кошула, за да покажат „почит“ кон градот.

Извор: mk.tv21.tv
Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -