На двата земјини пола мразот исчезнува со досега невидена брзина

- Advertisement -

Над 60 поларни научници повикаа на засилено набљудување и истражување на Арктикот и Антарктикот, кои многу брзо се менуваат поради влијанието на климатските промени. Имено, Антарктикот моментално има најниско ниво на мраз откако се вршат сателитски мерења од 1979 година. Тоа е аномалија за која научниците се загрижени и кои внимателно ја следат ситуацијата.

Пред само 10 години морскиот лед на Антарктикот достигна рекордни нивоа, но од 2016 година се забележуваат главно ниски нивоа, велат од Аввстралискиот антарктички оддел. Феноменот на пораст на морскиот лед до 2010 година, после што следуваше намалување, се вика антарктички парадокс. Причините за тоа уште не се целосно сфатени, но научниците се загрижени поради рекордно ниските колилини зимски морски мраз забележани годинава.

- Advertisement -

Во меѓувреме, на крајниот север на Семјата Артктикот доживува порарт на температурите – 2-4 пати повеќе отколку каде било на друго место во светот, а морскиот лед се намалува за околу 12% по деценија, од почетокот на сателитската ера.

Тоа е еден од најочигледните знаци дека емисијата на стакленички гасови ја поместува рамнотежата на планетата, велат климатолозите. 4 милиони луше кои Арктикот го нарекуваат свој дом зависат од Арктичкиот Океан за храна и превоз. Домородниот народ на Арктикот, кои сочинуваат околу 10% од населението, имаат долготрајна врска со регионот кој сега исчезнува и по прв пат по илјадници години нема мраз.

- Advertisement -

Морскиот лед во Арктичкиот Океан се шири во текот на зимата, достигнувајќи врв во март, пред да се повлече кон Северниот пол. Вообичаено достигнува најнсико ниво во септември. Со децении научниците се обидуваат да одредат точно кога морскиот лед ќе падне на под 1 милион квадратни километри, што е граница која означува лето без мраз, велат научнциите за морски лед.

Нивните најдобри модели моментално предвидуваат дека Арктикот ќе биде мез морски лед во наредните неколку децении. Морскиот лед на Антарктикот повеќе е мистерија, но и на двата пола мразот исчезнува со брзина без преседан.

- Advertisement -

Намалувањето на морскиот лед има импликации далеку надвор од поларните региони. Ледот помага да се урамнотежи енергијата на планетата, рефлектирајќи ја сончевата толина назад во вселената. Како што се топи и исчезнува, океаните апросбираат повеќе топлина, што придонесува за уште поголемо загревање и влошување на климатските промени. Морскиот мраз игра улога и во соркулацијата на океаните и биогеохемиските циклуси на планетата, па затоа влијае на се – од глобалните океански струи до систрибуцијата на хранливи материи.

(CNET)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -