Twitter мора да ги зајакне своите ресурси до 25 август годинава за да може да се усогласи со амбициозното ново европско законодавство за онлајн содржини, предупреди европскиот комесар Тиери Бретон после состанокот со Илон Маск.
„Ако технологијата не е спремна, Twitter мора да има доволно средства за да ја пополни празнината. Токму на таа тема разговаравме со Маск“ изјави Бретон.
Комесарот на ЕУ моментално е воКалифорнија за да се осигура дека интернет гигантите како Facebook, Instagram и Twitter ќе бидат спремни за законот за дигитални услуги, кој ќе стапи на сила на крајот на август.
Законот е еден од најамбициозните прописи во поглед на контролата над онлајн содржините од социјалните мрежи. Тој наметнува долга листа со правила за платформите, пазарите и пребарувачите, како што е обврската балговремено да се реагира за отстранувањето на какви било незаконски или штетни содржини штом платофрмата ќе добие сознанија за тоа.
Бретон рече дека на состанокот споменале некои од клучните теми како што се злоставувањето на децата и дезинформациите за избори. Комесарот треба да се сретне и со Марк Цукерберг, за да ја осигура усогласеноста на Facebook и Instagram со новиот закон.
Меѓутоа, најголемо нвимание привлекува разговорот на комесарот со Маск затоа што новиот сопственик на Twtter ја брани речиси неограничената слобода на истражување, вклучувајќи и кога содржините се навредливи или поттикнуваат дезинформации.
(N1)
(фото: Flickr)